АЧКОВ, Иван

АЧКОВ, Иван (Струга, 27. Ⅶ 1874 – Софија, 21. Ⅻ 1939) – учител, револуционер, член на ТМОРО. Завршил педагошко училиште. Бил учител во Солун, Велес, Струмица и на други места. Во ТМОРО влегол (1895) по предлог на Гоце Делчев, кој и го покрстил. Бил касиер на Велешкиот (1895–1896) и на Струмичкиот окружен комитет (1896– 1897). ИЗВ.: ЦДА, ф. 1075, оп. 1, а.е. 28, л. 466. Ал. Тр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.