АЧКОВСКИ, Ристо

АЧКОВСКИ, Ристо (Скопје, 14. Ⅱ 1950) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф., раководител на Институтот за ПЕЕС, два мандата продекан на ЕТФ во Скопје. Претседател на Студискиот комитет за надземни водови. Неговата истражувачка дејност опфаќа прилози кон примената на симулацијата Монте Карло за усовршување на методите за планирање и експлоатација на ЕЕС, подобрувањето на методите за анализа на ЕЕ мрежи и развојот на методите за анализа на сложени заземјувачки системи во стационарна состојба. Тој е автор на два универзитетски учебника: Високонапонски мрежи и системи и Преносни и дистрибутивни системи. ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот Св. Кирил и МетодијСкопје”, бр. 793, јануари 2002. Др. Р. Скопје, на Институтот за историја. Се школувала во Охрид и во Скопје, завршила историја на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што магистрирала (1988) и докторирала (1993). Била стручен соработник во Марксистичкиот центар „Мито Хаџи Василев” (1978–1988), виш научен соработник во Институтот за национална историја во Скопје (до 1998), доцент, вонреден и редовен професор на Филозофскиот факултет (од 1999) со специјалност Најнова историја на македонскиот народ, Методика на наставата по историја и Методологија на историската наука. Објавила над 60 трудови. Виолета Ачкоска БИБ.: Задругарството и аграрната политика 1945–1955, Скопје, 1994; Братството и единството помеѓу хармонија и дисхармонија 1944–1974, Скопје, 2002; Предавствата и атентатите во македонската историја, Скопје 2004. ИЗВ.: Билтен на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, бр. 118, Скопје, 8 јануари, 2003. Д. Јов.