АЦЕВ, Петар

АЦЕВ, Петар (с. Ореовец, Прилепско, 7. Ⅵ 1877 – Пловдив, 20. Ⅳ 1939) – учител, револуционер, прилепски околиски војвода. Бил учител во с. Плетвар, Прилепско (1897–1901), секретар на ОРК на ТМОРО (1898–1902), околиски прилепски војвода (1902–1907), учесник на Смилевскиот конгрес (1903) и избран за резервен член на Востанички штаб, а во Илинденското востание предводел чета. По Востанието учествувал во борбите кај с. Рајчани, Кочанско (1905), каде што бил ранет; на Ножот (1907) и на други места. Бил член на Битолскиот ОРК (1906) на ВМОРО. По Младотурската револуција се прибрал во Прилеп. Бил училиштен инспектор во Крушево (1908–1909). Учествувал во Балканските и во Првата светска војна. ЛИТ.: Г. Трайчев, Град Прилеп, Софи®, 1925; Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, Ⅰ¶, Софи®, 1983. Ал. Тр. Димитар Ацев АЦЕВ (ШУМАНОВ), Димитар