АЦЕВСКА, Весна

АЦЕВСКА, Весна (Скопје, 10. XI 1952) – поет, раскажувач и преведувач. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работи во весникот „Република”, а од 1992 работи како лектор во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на ДПМ (1991). Се занимава и со преведување и го препева финскиот еп „Калевала”, за што ја доби наградата за препев „Григор Прличев” (2000). Во своите стихови Ацевска се противставува на традицијата на женското пеење и на феминизираниот лиризам во кој доминира една исповедна и субјективна интонација. ДЕЛ: збирки поезија: Подготовки за претстава (1985), Карпа за скок (1991), Котва за Ное (1994) и Неред во огледалото (1996); романи: Лавиринт (1992), Рок видри (1993) и Скалила во зеленилото (1994). ЛИТ.: Јасна Котеска, Македонско женско писмо (2002). В. М.-Ч.

2019-01-05T19:36:58+01:00 0 коментари