АХМЕДОВ, Мехмед

АХМЕДОВ, Мехмед (с. Кочица, Штипско, 1918) – работник, борец и општественик. Завршил турско верско училиште во родното село. Како учесник во НОАВМ (од август 1944), бил заменик-командант на баталјон, а по демобилизацијата резервен капетан на ЈНА. По Ослободувањето бил член, секретар и претседател на Околискиот народен одбор во Штип. Како работник во Фабриката „Македонка” во Штип, бил член на Главниот одбор на ССРНМ. С. Мл. Али Ахмети

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.