АФЕРАТА МИС СТОН

АФЕРАТА МИС СТОН (1901– 1902) – афера што настанала со пленувањето на американската протестантска мисионерка мис Елен Стон и нејзината придружничка Катерина Цилка Стефанова од четите на ТМОРО (Јане Сандански, Христо Чернопеев и Крсто Асенов). Пленувањето би-ло извршено на 21. Ⅷ / 3. IX 1901 г. во Пиринскиот дел на Македонија помеѓу Банско и Горна Џумаја кај месноста Потпрена Ска-ла за добивање откуп. Преговорите за исплата на откупот и за ослободување на заложничките траеле 6 месеци. Почетниот износ на средствата за откуп бил определен на 25.000 турски лири. Средствата за откуп биле собрани преку доброволни прилози. На 31. Ⅰ 1902 год. во Банско биле исплатени 14.500 тур. лири. Пленетите мисионерки биле ослободени на 23. Ⅱ 1902 г. во с. Градашорци – Струмичко. Аферата Мис Стон станала светски позната и го афирмирала македонското ослободително дело. ЛИТ.: Ванчо Ѓорѓиев, Аферата Мис Стон, Историја, ЏЏЏВИИИ/1, Скопје, 2002. В. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.