АТАНАСОВСКИ-КРСТАНЧЕ, Славе Крстанов

АТАНАСОВСКИ-КРСТАНЧЕ, Славе Крстанов (Охрид, 1915) – резбар. Го завршил Резбарското училиште во Охрид (1935/1936). Бил ученик на академскиот вајар Бранислав Јованчевиќ од Крагуевац (1929-1932) и на Бранко шотра, се усовршувал во Белград кај познатиот чешки мајстор-резбар Антон Книха и кај резбарот-скулптор Анте Бихиќ. По Ослободувањето бил наставник во Резбарското училиште во Охрид (1947-1949) и во Училиштето за применета уметност во Скопје, а потоа работел во Резбарското ателје „Андон Славе Крстанче, во својата резбарска работилница Дуков” во Охрид (1950-1962) и во Музејот на Охрид. Има изработено над 2.660 примероци резбарен мебел, копаници, икони од дрво, иконостаси, маски, розети и др. Повеќе негови изработки се наоѓаат во новата Соборна црква во Скопје, во црквата „Св. Атанас” во с. Болно, Ресенско, црквата „Св. Богородица” во с. Калишта, Струшко, 25 дела во Музејот „25 Мај” и во Палатата на Федерацијата, во т.н. Македонска сала, во Белград. Посебно импресивни се резбарените столбови со висина од 10,5 х 0,50 м ширина во свечената сала на МАНУ и двете розети во Палатата на Федерацијата во Белград. Од основањето бил член на Здружението за применети ликовни уметници на Македонија. Имал 17 самостојни изложби. ЛИТ.: Г. К., Изложба на последниот резбар, „Вечер”, ЏЏИЏ, 8761, Скопје, 8. Ⅹ 1991, 11; Томислав Османли, Песни во ореово дрво. Средби со доајените: Славе Атанасовски-Крстанче, „Нова Македонија”, ЏЛВИИ, 16067, Скопје, 16. Ⅹ 1991, 13; Боге Петрески, Живот и дарба издлабени во дрво, „Македонија”, бр. 512, Скопје, декември 1995, 32-33. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.