//АТАНАСОВСКИ-БАРБАК, Томо

АТАНАСОВСКИ-БАРБАК, Томо

АТАНАСОВСКИ-БАРБАК, Томо (Битола, 9. Ⅳ 1929 – Попова шапка, 10. Ⅱ 1985) – унив. профессор по физичка култура, спортски работник. Дипломирал на Високата школа за физичка култура во Белград (1958). Бил професор по физичко воспитание во Битола (1958–1965), на Вишата школа за физичка култура во Скопје (1965–1980) и виш предавач по предметот кошарка на Факултетот за физичка култура во Скопје (1978–1985). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1977), на тема: „Зависност на прецизноста од возраста и растојанието при фрлањето на топката во кош со една рака во висина на главата ”. Објавувал стручни и научни трудови. Д. С.

2019-01-05T19:36:57+01:00 0 коментари