АТАНАСОВДЕН

АТАНАСОВДЕН -. празник посветен на големиот христијански светител св. Атанасиј Велики. Нашиот народ го празнува два пати во годината. На 31/18 јануари, со домашни служби, се празнува Атанасовден-зимен, како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи св. Атанасиј Велики и св. Кирил Александриски, за нивните заеднички заслуги во одбраната на православието од двете ереси: аријанството и несторијанството. Празникот народот го смета за средзимо и се верува дека главните студови веќе се поминати. Во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви. Се празнува и на 15/2 мај, ден на упокојувањето на светителот, празник познат како Атанасовден-летен. ЛИТ.: Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази, прикупио и описао Стефан Тановић, учитељ, Београд, 1927; Зорка Делиниколова, Обичаи сврзани со поедини празници и неделни дни во Радовиш, „Гласник на Етнолошки музеј“, 1, Скопје, 1960. М. Кит. Мечување АТАНАСОВСКИ, Александар

2019-01-05T19:36:57+00:00 0 коментари