АТАЛ

АТАЛ (? – 335 пр.н.е.) – македонски војсководец во војската на Филип Ⅱ. Во 337 год. пр.н.е. Филип Ⅱ се оженил со ќерката на Атал – Клеопатра. Атал бил убиен по наредба на Александар Ⅲ Македонски во 335 г. пр.н.е., а веднаш потоа била убиена и Клеопатра и нејзиното бебе, за да нема други претенденти на македонскиот царски престол. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.