АТАИ Ускуби

АТАИ Ускуби (Атаи од Скопје) (втора пол. на ⅩⅤ – поч. на ⅩⅤⅠ в.) – еден од најпопуларните османлиски поети на преминот од ⅩⅤ во ⅩⅤⅠ в. Бил припадник на Накшбендискиот дервишки ред. Неговата поезија особено била славена и почитувана во Румелија. Починал во времето на султанот Селим Ⅰ (1512–1520). ЛИТ.: Драги Ѓоргиев, Скопје од турското освојување до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век, Скопје, 1997. Др. Ѓ.

Напишете коментар