АСИМОВ, Муџахит

АСИМОВ, Муџахит (Мüцахит Асимов) (Битола, 1940) – универзитетски професор од турската националност во РМ. Завршил Филозофски факултет во Сараево. Докторирал на Филолошкиот факултет во Приштина. Од 1998 година се вработува на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Има објавено повеќе стручни и научни трудови од областа на дијалектологијата, историјата на турскиот јазик и турската литература. Учесник е на меѓународни конгреси и симпозиуми. ЛИТ.: Универзитетот Кирил и Методиј, Билтен, март 2000. А. Аго

2019-01-05T19:36:55+01:00 0 коментари