АСАЕЛ, Бецалел бен Симантов

АСАЕЛ, Бецалел бен Симантов (Штип, 1904 – Треблинка, 1943) – книжар, основач на Младинскиот еврејски хор и Младинската драм-ска секција во Штип. Самиот ги режирал претставите изведувани на јазикот ладино. Го формирал фудбалскиот еврејски клуб „Хакоах” (1929), организирал акции за еврејските национални фондови (ККЛ и Керен хајесод). ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990, 247-249. Ј. Нам. На брегот на населбата Асамати

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.