//АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ. Со решение на Владата на НР Македонија е формиран Техничкиот факултет со два оддела Архитектонски и Градежен во рамките на Универзитетот во Скопје (1949), со цел да се унапреди наставно-образовниот процес според општествените потреби во сферата на градежништвото и формирање кадри во областа на урбанизмот и архитектурата. Со прераснувањето на Техничкиот факултет во три нови факултети (1965), Архитектонскиот оддел е во состав на Архитектонско-градежниот факултет сћ до 1975 година кога прераснува во посебен, Архитектонски факултет. Својата наставна, научноистражувачка и апликативна дејност Факултетот ја развива преку катедри, а по нивното укинување се формирани институти. Во текот на осумдесеттите години извршено е преструктуирање во наставниот процес со воведување на потесно насочување одⅤсеместар во областите на проектирањето, урбанизмот, високоградбата, заштитата и конзервацијата и ентериерот и дизајнот, кои во текот на годините претрпеле и извесни промени. Кр. Т.

2019-01-05T19:36:55+01:00 0 коментари