АРХИТЕКТОНСКА АКАДЕМИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Зградата на Архитектонскиот и Градежниот факултет во Скопје

АРХИТЕКТОНСКА АКАДЕМИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – основана е на 16. Ⅳ 1997 година. Во Архитектонската академија членуваат добитниците на наградата за ред и развој на македонската архитектура „Андреја Дамјанов“ што ја доделува ААМ еднаш годишно. Од 2004 г. за членови на Академијата може да се бираат и архитекти кои дале особен придонес во развојот на македонската архитектура. Во Академијата се бираат и почесни членови. Основни цели на Архитектонската академија се: развојот, унапредувањето и афирмацијата на македонската архитектура; проучување, негување и унапредување на традиционалната македонска архитектура низ современи форми, организирање стручни собири, изложби, како и издавачка дејност и соработка со сродни институции во земјата и во странство. Кр. Т. Зградата на Архитектонскиот и Градежниот факултет во Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.