АРХЕОЛОШКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА

Археолошко-историскиот музеј во Ресен (некогашниот Сарај)
Археолошко-историскиот музеј во Ресен (некогашниот Сарај)

АРХЕОЛОШКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА (Скопје, 1975) – невладина стручна организација, основана од десетина археолози на неколку музеи во СРМ. Дејствувало како дел на Археолошкото друштво на Југославија (до 1991). Негова основна цел била афирмацијата на археологијата во СРМ, воспоставувањето на меѓународните стручни стандарди во вршењето на археолошките истражувања и примена на кодексот на стручната етика. Прв претседател бил археологот Бошко Бабиќ. На годишните конференции на Друштвото се презентираат трудови од резултатите на археолошките истражувања во изминатата година. Негов орган е списанието „Мацедониае Ацта Арцхаеологица”. К. Бог.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.