АРТИФИЦИЈАЛНИ ОРГАНИ ВО РМ

АРТИФИЦИЈАЛНИ ОРГАНИ ВО РМ. Примената на т.н. „вештачки бубрег” во лекувањето на акутното откажување на бубрезите (акутна бубрежна инсуфициенција) во РМ започна во 1969 г. во Републичкиот завод за трансфузиологија кај пациент од Интерната клиника (Оддел за нефрологија). Принципот на лекувањето со хемодијализа е отстранување на деградациони материи, уремични токсични материи преку семипермеабилна мембрана. Со „вештачки бубрег” се заменува главно филтрационата функција на бубрезите. Од 1965 до 1971 г. со вештачки бубрег се лекуваат пациенти со АБИ, а од 1971 г. започнува лекувањето на болните со терминална бубрежна инсуфициенција (ТБИ) на Клиниката за нефрологија при Мед. ф. во Скопје. Со овој вид хронична интермитентна ХД се лекуваат над 1100 пациенти во РМ (во Скопје, Тетово, Куманово, Крива Паланка, Делчево, Кочани, Велес, Струмица, Гевгелија, Прилеп, Битола, Струга, Дебар и Гостивар). Во РМ се вградуваат и протези, ендопротези, срцеви валвули, стентови, заби, внатрешно уво и др. при лекувањето на разни заболувања кај човекот. М. Пол. Артичока

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.