АРТЕМИДА – едно од најпочитуваните божества во Македонија, женски пандан на Дионис. Како божица на природата и шумите, на карпите во Филипи е претставена со теонимот Артемис Дендропхорос; на теракотите најдени во Варош и во Пела е прикажана со чашки афион во косата; во Амфипол е божество-бик – Артемис Таурополос. Добива различни називи поврзани со македонски топоГлава на Артемида, (Стоби, Ⅰ в.) ними (Благанитис, Газоретис), кои говорат за автохтоно божество. Теонимите: Агротера, Дигаиа, Кѕнагогос се типични за македонската митологија. Херодот ја нарекува „кралица” на која жените Пајонки и Тракијки $ принесуваат дарови завиткани во слама од пченица. Во Дебреште (Пелагонија) е пронајдена теракотна биста на Артемида – Енодиа, претставена со коњски протом на рамото, кучешка глава под него, дијадема и билје во косата; слична теракота е пронајдена и во Чепигово (Ⅱ век пр. н.е.). ЛИТ.: Д. СрејовиÊ, А. ЦермановиÊ, Речник грчке и римске митологије, Београд, 1979; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.