АРСОВ, Борис

АРСОВ, Борис (Крива Паланка, 1906 – Скопје, 1954) – член на АСНОМ и универзитетски професор. Основно образование завршил во родното место, а гимназија во Куманово. Во текот на 1926 г. заминал на студии во Монпелје, Франција, каде што студирал право и филозофија, стекнувајќи две дипломи, за завршен правен факултет и за филозофија. На Сорбона во Париз ја одбранил докторската теза: „Ла вие ецономиљуе де ла Мацèдионе ау ⅩⅠⅩ сиèцле“ (1936). Со група интелектуалци го издавал списанието „Луч“ во Скопје (1937-1938) и бил негов уредник. Тој е првиот македонски автор што пишува социолошки трудови во 30-тите години од минатиот век. Се вклучил во Народноослободителната војна од самиот нејзин почеток. Станал член на Законодавната комисија на Президиумот на АСНОМ (XI 1944). Наменуван е за помошник-повереник за судството во Македонија (И 1945). Избран е за професор на Правно-економскиот факултет во Скопје (1953). БИБ.: Борис Арсов, Економскиот живот на Македонија во 19-тиот век, Скопје, 2000. Пет. Г. Димитар Арсов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.