АРСОВА, Ленче Стојанова

АРСОВА, Ленче Стојанова (Битола, 16. Ⅷ 1919 – Скопје, 2002) – комунистички деец, борец и општественик. Како член на КПЈ (1940), била еден од организаторите на НОАВМ; член на МК на КПЈ во Штип и на Воениот штаб (од јули 1941), член на Вториот областен комитет на КПМ (1943), инструктор на Петтиот областен комитет на КПМ, заменик-командир на базата на Гш на НОВ и ПОМ (од август 1944), шифрант на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ на островот Вис, раководител на шифрантската служба при Гш на НОВ и ПОМ и секретар на МК на КПМ во Штип. По Ослободувањето се наоѓала на разни општествено-политички должности и била долгогодишен претседател на Црвениот крст на Македонија. БИБ.: Положбата на партиската организација во Битола од средината на јули до почетокот на октомври 1943 година, Битола и Битолско во НОВ 1943 и 1944, И, Битола, 1982, 291-297; Мои сеќавања за другарот Мирче Ацев, Прилеп и Прилепско во НОВ 1944 – 15 мај 1945 година, Ⅱ, Скопје, 1985, 99-104. ИЗВ.: Жените од Македонија во НОВ 1941-1945. Зборник на документи, Скопје, 1976. ЛИТ.: Штип и Штипско во народноослободителната војна 1941-1945, Прилози од научниот собир одржан на 17, 18 и 19 мај 1990 во Штип, 1-4, Скопје, 2000-2001. С. Мл. Тамара Арсова

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.