АРСИЌ, Богољуб

АРСИЌ, Богољуб (Волковија, Тетовско, 2. Ⅶ 1914 – Белград, 25. Ⅶ 1999) – полковник, спец. епидемиолог, унив. професор. Мед. ф. завршил во Белград, каде што и докторирал (1962). Учесник во НОБ од 1944. Како воен лекар работи во Скопје и Сараево, а од 1962 г. на ВМА. Заклучоците од докторатот се преземени како доктринарни ставови на ЗС во СФРЈ и ЈНА за превенција на ревматската треска, кои се применуваат и денес. Работел на голем број научни студии од областа на епидемиологијата што имаат и практична примена. Објавил преку 160 научни и стручни трудови и 4 учебника по епидемиологија. Работниот опус го завршил како началник на Епидемиолошкиот институт и редовен професор на ВМА. ИЗВ.: Архив на ВМА. Сл. М. П. Борис Арсов

Напишете коментар