АРСЕНОВ, Арсен

АРСЕНОВ, Арсен (Павлешенци, 1. Ⅴ 1947) – ред. проф., раководител на Институтот за ЕЦРП, продекан на ЕТФ во Скопје. Автор/коавтор на повеќе трудови во зборници од меѓународни и домашни собири, во стручни списанија, студии, анализи, НИП и АП. Хонорарен професор на ТФ во Битола, ТФ во Приштина и на Електронскиот факултет во Ниш. Автор на три универзитетски учебници: Електрични делови на електрични централи, Производство на електрична енергија и Термички и динамички напрегања во ЕЦРП. ЛИТ.: Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” − Скопје, бр. 703, март 1998. Др. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.