АРНАУДОВСКИ, Љупчо

АРНАУДОВСКИ, Љупчо (Охрид, 16. Ⅲ 1931) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршил во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1960), а магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1966). На Правниот факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација на тема „Вонзатворските воспитни мерки во југословенското кривично право“ (1975). Работел како виш научен соработник во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје (1963-1979). Избран за вонреден префесор на Правниот факултет во Скопје по предметите криминологија и пенологија (1979), а потоа и за редовен професор на истиот факултет (1985). Бил член на СКОЈ (Ⅲ 1944), член на КПЈ (В 1949), секретар на Градскиот комитет на СКМ (1969-1973). Ги вршел функциите член на РИС и секретар за внатрешни работи на СРМ (1971-1973). Од овие функции бил отстранет во периодот на „либерализмот” поради сфаќањата и јавните настапи од тие позиции. Бил член на Републичкиот судски совет (19942000). Избран за претседател на Моралниот суд на РМ (2003). Објавил преку 200 научни труда и три учебници. БИБ.: Љупчо Арнаудовски, Вонзаводските воспитни мерки во југословенското кривично право, Скопје, 1979; Пенологија – наука за извршување на кривичните санкции, Скопје, 1988. ЛИТ.: Зборник во чест на Љупчо Арнаудовски, Скопје, 1995. Св. ш. и Гор. Л.-Б. АРНАУТОВСКИ, Миле Климев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.