АРИЈАН, Флавиј

АРИЈАН, Флавиј (Флавиус Арианус) (Никомедија, ок. 95 г. пр.н.е. – 175 пр.н.е.) – автор на филозофски и историски дела и на патеписи. Во главното негово дело „Александровата Анабаса” (напишано од 166 до 168 г. пр.н.е.) е запишана (врз основа на историски извори) историјата на походот на Александар Македонски. Како продолжение на ова дело ја пишува „Индиската историја” (според записите на Александровиот војсководец Неарх). А. има голем број историски дела што не се зачувани или од нив останале само фрагменти: „Настани по Александар”, „Историја на Битинија”, „Партска историја”, „Аланска историја”. ЛИТ.: Арриан, Хисторѕ оф Алеџандер, Лоеб Цлассицал Лѕбрарѕ, Харвард Унивеситѕ Пресс, 1959; Аријан, Александровата Анабаса. Прев. М. Бузалкова, Скопје, 2000. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.