АРИФИ, Теута

АРИФИ, Теута (Теута Арифи) (Тетово, 1969) – унив. професор, политичар и пратеник. Основното и средното образование ги завршила во Тетово. Дипломирала на Групата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Приштина. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Скопје. Докторирала на тема „Ликот на жената во албанската книжевност” на Филолошкиот факултет во Скопје. Работела како доцент по предметот Албанска книжевност на Катедрата за албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје. Еден период работела како новинар-дописник на Дојче веле. Ангажирана е како професор по Албанска книжевност на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во моментов е потпретседателка на ДУИ и пратеник во Собранието на РМ. БИБ.: Гјеографиа име (Мојата географија), поезија, 1996; Женскиот феминизам, 1997; Жената во современите трендови во Македонија, студии, 1997; Седум магични денови, раскази, 1998. А. П.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.