АРИФИ, Ариф

АРИФИ, Ариф (с. Липково, Кумановско, 15. Ⅵ 1935) – политички деец. Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград. Бил учител и директор на основно училиште, претседател на Општинската конференција на ССРНМ во Куманово, пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ и во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ (1970) и член на Сојузната конференција на ССРНЈ. С. Мл. Теута Арифи