АРГЕАДИ

АРГЕАДИ (шАргедаи) – првата македонска кралска династија (ок. 707/6–310/9 пр.н.е.) со кралевите (басилевси, монарси): Пердика, Аргај, Филип, Аероп И, Алкета, Аминта И, Александар И, Пердика Ⅱ, Архелај И, Орест, Аероп Ⅱ, Аминта Ⅱ, Павзанија, Аминта Ⅲ, Александар Ⅱ, Птолемај Алорски, Пердика Ⅲ, Филип Ⅱ, Александар Ⅲ, Филип Ⅲ и Александар Ⅳ. Името Аргеади се поврзува со гр. Аргос во Орестида, освоен од Пердика. Етимологијата на името се поврзува и со митскиот предок Аргеас, син на епонимниот херој Македон. Државата на Аргеадите започнува да се шири од територијата меѓу р. Лудијас (Могленица) и р. Халијакмон (Бистрица), каде што се сместени двете кралски престолнини Ајга и Пела. Кон крајот на Ⅷ в. пр.н.е. започнува процес на обединување на македонските етноси под водство на Аргеадаи Македонес; за време на Филип Ⅱ и на Александар Ⅲ Македонски со освојувањата создаваат светска империја. ЛИТ.: Херодотус, 4 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1960; Степхан вон Бѕзанц, Етхника, Граз, 1958; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. А. шук.

2019-01-05T18:11:47+00:00 0 коментари