АРБОРЕТУМ

АРБОРЕТУМ .g(лат. арбор – дрво)
– простор на кој се одгледуваат дрвја и грмушки наменети за експериментални, одгледувачки, научни, орнаментални и едукативни цели. Ал. Анд.

АРБОРЕТУМ „КРУШЕВО” –
формиран 1950 г., како теренска опитна станица на шумарскиот институт од Скопје. Лоциран близу градот Крушево на 1.300-1.400 м н.в., одигра многу важна улога во процесот на интродукција на голем број иглолисни егзоти, кои денес масовно се застапени во нашата земја и заземаат важно место во македонското шумарство. Ал. Анд.

АРБОРЕТУМ „ТРУБАРЕВО” – се наоѓа 7 км јужно од Скопје, кај селото Трубарево. Организиран е во 1953 г. на поплавни терени крај реката Вардар на површина од 3,3 ха со цел да се создаде жива збирка од дрвја и грмушки што ќе служи како нагледно учебно помагало за студентите по шумарство. До 1968 г. се внесени 642 домашни и странски видови, од кои 84,6% широколисни и 13,6% иглолисни видови. Освен за настава во Арборетумот се вршени и набљудувања на реакцијата на одделни видови во еколошките услови: отпорност кон зимски мразеви и летни суши, појава на фито и зоопаразити, плодоносење, вегетативно размножување и др. Непосредно до Арборетумот се подигнати насади од разни клонови на тополи на површина од 24,5 ха. На нив се вршени мерења на растежот и продуктивноста на дрвната маса. Во 1965 г. Арборетумот е прогласен за споменик на природата и културата. Р. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.