АРБАТСКИ, Јуриј

АРБАТСКИ, Јуриј (Москва – 15. Ⅳ 1911 – Чикаго, 3. IX 1963) – оргулар, фолклорист, педагог. Музика студирал во Лајпциг. Подоцна бил катедралски оргулар и директор на Катедралскиот оркестар во Белград, а од 1942 г. работел во Институтот за славистика во Прага. Го проучувал фолклорот на словенските народи. Докторирал (1943) на Филозофскиот факултет во Прага со темата „Свирењето на македонскиот тапан”. Кај него учел македонскиот композитор Панче Пешев. А. покрај другото, изведувал и дела од македонски композитори. На едно зачувано програмско ливче од концертот во Лајпциг стои дека ги извел „шестата соната за оргули” од Панче Пешев и „Фантазијата за оргули” од Живко Фирфов. М. Кол. Арборетумот на ПМФ во Скопје