АРАЧ

АРАЧ (џизие) (ⅩⅣ–ⅩⅠⅩ в.) – државен данок во Османлиската Империја што работоспособните немуслимански поданици го плаќале на државата како знак на покорност и на лојалност. За возврат овие поданици стекнувале одредени граѓански права и слобода на вероисповед. Бил укинат во средината на ⅩⅠⅩ в. Синоним: џизие. ЛИТ.: Хамид Хаджибегиќ, Джизја или харач, „Прилози за оријенталну филологију и историју југословенских народа под турском владавином”, Ⅲ ИВ, Сарајево, 1952-53; Неркез Самилагиќ, Лексикон Ислама, Сарајево, 1990, 163, 239; Александар Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, И, Скопје, 1983. Др. Ѓ.

Напишете коментар