АПФЕЛБЕК, Виктор

АПФЕЛБЕК, Виктор (Виктор Апфелбецк) (Ајзенерц, штаерска, 1859 – Сараево, 1. Ⅴ 1934) – ентомолог, холеоптеролог. Како кустос на Земскиот музеј во Сараево (1889-1925) основал една од најголемите збирки на инсекти на Балканот. По пензионирањето бил хонорарен ентомолог на Хигиенскиот завод во градот. Ја истражувал фауната на без’рбетниците и бил еден од водечките европски ентомолози. Успеал да открие и да опише околу 500 нови облици на инсекти на Балканот, вклучително и во Македонија. Автор е на околу 100 библиографски единици во разни изданија низ Европа. БИБ.: Фауна инсецторум балцаница, И- Ⅵ, Сарајево, 1894-1916; Дие Кäферфауне дер Балканхалбинсел, И, Берлин, 1904. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.