АПСТРАКТНА УМЕТНОСТ

АПСТРАКТНА УМЕТНОСТ – појава во уметноста од почетокот на ⅩⅩ в. Ги подразбира немиметичките дела во сликарството, цртежот, графиката и скулптурата. Во македонската уметност, од педесеттите години наваму, се развиваат неколку варијанти на апстрактно сликарство: енформел (Р. Анастасов, Р. Калчевски, Д. Аврамовски, И. Велков, Р. Лозаноски, А. Јанкулоски), апстрактен експресионизам (П. Мазев), геометриска апстракција (Д. Кондовски, Д. Перчинков) и видови на постмодернистички концепти (Д. Петковиќ, Б. Маневски, Ј. шумковски). И во скулптурата се јавуваат слични тенденции (П. Хаџи Бошков, Ј. Грабул, С. Маневски, Б. Николоски, Д. Попоски, С. Павлески). ЛИТ.: Соња Абаџиева-Димитрова, За нефигуративното сликарство.., „Разгледи”, Скопје, 1975, 6; Владимир Величковски, Геометризмот и современата македонска уметност, Скопје, 1997. Л. Н. Виктор Апфелбек

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.