АПОСТОЛСКИ, Ванчо

АПОСТОЛСКИ, Ванчо (Штип, 22. Ⅻ 1925 – Скопје, 2008) – новинар, публицист, општественик и државник. Завршил гимназија во Штип и бил член на СКОЈ и учесник во НОБ (1941). По Ослободувањето бил член на КПМ (од февруари 1945), главен и одговорен уредник на обласниот весникНароден глас” (Штип), соработник и уредник на в. „Нова Македонија”, главен уредник на неделниот весник „Репортер” (Скопје) и дописник на в. „Борба” (Белград) од НРМ. Во меѓувреме завршил Политичка школа и потоа бил началник на Одделението на ЦК на КПМ за пропаганда во странство и член на Управата за агитација и пропаганда на ЦК на КПМ (август 1950 – крајот на 1951), заменик на главниот уредник на в. „Нова Македонија” (1951 – јули 1956) и директор на Уредот за информации на Извршниот совет на НРМ (јули 1956-1959). Во наредните шест години бил советник во Кабинетот на претседателот на Народното собрание на НРМ, началник на Бирото за односи со странство на Извршниот совет на СРМ и републички секретар на Извршниот совет на СРМ (1960-1966). Подоцна бил и генерален директор на НИП „Нова Македонија” (ноември 1973-1982), директор на Уредот за информации на Македонија, пратеник, потпретседател на Собранието на СРМ (од мај 1969), член на ЦК на СКМ (во пет мандати), член на Секретаријатот на ЦК на СКМ (јануари 1967 ‡ мај 1969), член на Претседателството на ЦК на СКМ, член (април 1982 – 25. Ⅳ 1985) и во еден мандат претседател на Претседателството на СРМ (25. Ⅳ 1985 – 25. Ⅳ 1986). Освен тоа, бил и претседател на Здружението на новинарите на СРМ и претседател на Републичкиот општествен совет за меѓународни односи со странство, потпретседател на Матицата на иселениците од Македонија и др. Автор е на повеќе трудови за македонското национално прашање и односите со соседите. БИБ.: Современите аспекти на великобугарскиот национализам, Скопје, 1981; На великобугарски националистички позиции, Скопје, 1979. С. Мл. Кирил Апостолски АПОСТОЛСКИ, Кирил Митев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.