АПОСТОЛОВ, Иван

АПОСТОЛОВ, Иван (Ване Македонецот) (с. Белица, Разлошко, 1847 – с. Долна Бања, Костенечко, Бугарија, ок. 1926) – неврокопски војвода. Учествувал во Српско-турската војна (1876) во четата на војводата Иљо Марков Малешевски, во Руско-турската војна (1877/1878), и во Кресненското востание (1878/1889). Од 1902 г. станал војвода на чета во Неврокопско. Активно учествувал и во Илинденското востание. ИЗВ. иЛИТ.: НБКМ-БИА, ф.: Колекци® бр. 47, а.е. 58, Ⅱ 1-35; А. Трајановски, Нови сознанија за животот и дејноста на војводата Иљо Марков-Малешевски (1805– 1898), зб. Војводата Иљо Марков-Малешевски и неговото време, Берово, 2002, 5-35. Ал. Тр. Константин Апостолов

2019-01-05T18:11:46+00:00 0 коментари