АПОСТОЛОВ, Александар

АПОСТОЛОВ, Александар (Злетово, 1920) – историчар, унив. професор. Завршил гимназија, Виша педагошка школа и Филозофски факултет (Група историја). Бил наставник и средношколски професор. Бил избран за асистент на Филозофскиот факултет (1956), докторирал на тема: „Колонизацијата на Македонија во стара Југославија” (1962). Како наставник по предметот историја на народите на Југославија нов век бил би-ран во сите наставно-научни звања. Пензиониран во звањето редовен професор (1983). Автор е на 80 научни и стручни трудови и учебници. Првиот публикуван монографски труд му е: „Колонизацијата на Македонија во стара Југославија” (Скопје, 1966), а потоа „Злетовската област, историски осврт” (Скопје, 1974) и „Виничката афера” (Виница, 1997). ЛИТ.: Биографски податоци: Александар Апостолов, Виничката афера, Скопје, 1997. М. Мин.