АНЧЕВСКИ, Зоран

АНЧЕВСКИ, Зоран (Скопје, 16. Ⅴ 1954) – преведувач, есеист, поет. Професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Бил претседател на Струшките вечери на поезијата. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар. Се истакнал во преводот на поезија од англиски јазик, особено за потребите на СВП. Во својата поезија инспирација бара во модерните текови на светската лирика, Зоран Анчевски експериментирајќи во изнаоѓање на разни форми и решенија. БИБ.: Патување низ скршени слики, Ск., 1984; Стратегија на поразот, Ск., 1994; Линија на отпорот, Ск., 1998; Превод на мртвите, Ск., 2000. Составувач на Антологѕ оф Мацедониан П.Е.Н. поетс; Ск., 2001. П. Гил.

Напишете коментар