АНЦЕЛ, Ѓуро

АНЦЕЛ, Ѓуро (Велика Горица, Хрватска, 16. Ⅵ 1901 – ?) – архитект. Дипломирал на Техничкиот факултет во Загреб (1926). Неговата активност во Хрватска (1952) се одвивала, главно, на проектирање, реконструкции и адаптации на индустриски објекти. На работа е на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје како доцент, вонреден и редовен професор (1952–1972). Освен наставна и научноистражувачка дејност, развива и плодна проектантска активност, главно на проектирање индустриски објекти. Негови позначајни реализации во Македонија се: Фабриката за волнени ткаенини „Тетекс“ во Тетово, Фабриката за свила во Велес, Тутунскиот комбинат во Крушево, Фабриката за конзерви во Тетово, полуотворени штали за Земјоделскиот комбинат „Црвена ѕвезда“, како и градската поликлиника „Битпазар“ во Скопје. Кр. Т.

2019-01-05T18:11:45+00:00 0 коментари