//АНТРОПОГЕНИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА

АНТРОПОГЕНИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА

АНТРОПОГЕНИЗАЦИЈА НА ПОЧВАТА – процеси и промени предизвикани од човекот во природните почви и создавање нови почви. Во РМ антропогенизацијата е мошне интензивна бидејќи се работи за земја со стари цивилизации, со долготрајно влијание на човекот врз почвите. Најсилна антропогенизација е извршена по Втората светска војна. Таа може да има негативни (в. деградација на почвата) или позитивни последици (в. реградација на почвата). ЛИТ.: Ѓ. Филиповски, Почвите на Република Македонија, том Ⅵ. Антропогени почви, МАНУ, Скопје, 2004. Ѓ. Ф.

2019-01-05T18:11:45+00:00 0 коментари