АНТОНОВ, Иван

АНТОНОВ, Иван (с. Хума, Гевгелија, 1. Ⅴ 1924 – Скопје, 14/15. Ⅻ 1983) – најистакнат претставник на македонското радио и телевизиско спикерство. По ослободувањето бил првиот учител и раководител на аналфабетските курсеви во Негорци, Гевгелиско. Во Радио Скопје е од 1947 г., а од 1963 станал спикер на Телевизија Скопје. Бил раководител на Одделението за реализација и производство на програмата со спикери и најавувачи и потпретседател на Здружението на спикерите на Југославија. Со вроден талент за правоговор, тој остана најпрепознатливото ТВ лице, без кое не можеше да се замисли соопштувањето на која и да е значајна или исклучителна вест од кај нас или од светот. Ј. Ф.

2019-01-05T18:11:45+00:00 0 коментари