АНТИЧКИ ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА

Антички театрар во Хераклеја (Ⅱ в.)

АНТИЧКИ ТЕАТРИ ВО МАКЕДОНИЈА – театри изградени во најголемите градови што останале да живеат и по римското освојување. Еден од најстарите театри, којшто е најголем, е изграден во Лихнид (Охрид) во Ⅰ в. пр.н.е., граден според хеленските градежни норми, со користење на природната падина на теренот за поставување на гледалиштето. Кај театрите во Хераклеја (Ⅱ в.) и во Стоби (Ⅱ в.) при градењето се употребени и хеленски и римски норми со внесување субструкции за подигнување на гледалиштето, покрај користењето на природниот терен. Театарот од Скупи е комплетно подигнат на субструкции, изграден во римскиот империјален период. Најрано е откриен театарот во Стоби, со најдобро зачувана архитектонска пластика. ЛИТ.: Б. Сариа, Позориште у Стобима, „Годишњак музеја Јужне Србије”, И, Скопље, 1937, 1–68; Н. Вулиќ, Римско Позориште код Скопља, Посебна Изданија САН, књ. 346 (39), Београд, 1961, 1–23; Т. Јанакиевски, Антички театри и споменици со театарска тематика во Република Македонија, Битола, 1998. В. Б.-Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.