АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ (ВЕќЕ) НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА

Говорот на Тито на Второто заседание на АВНОЈ (28&29. XI 1943)

АНТИФАШИСТИЧКО СОБРАНИЕ (ВЕќЕ) НА НАРОДНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА (Бихаќ, 26–27. XI 1942 – Јајце, 28–29. XI 1943) – политичко претставничко тело на југословенските народи. Првото заседание било одржано на иницијатива на Јосип Броз Тито, командант на Врховниот штаб на НОВ И ПОЈ и секретар на КПЈ, со цел да го прејудицира возобновувањето и идното уредување на Југославија. Се одржало без учество на претставници од Македонија и од Словенија. За Македонија немало значење. Меѓутоа за- без учество на претставници од Македонија, го прекинало континуитетот со Кралството Југославија, во која не било признато постоењето на македонскиот народ. Собранието усвоило Декларација во која делумно биле застапени и интересите на идната македонска држава. Донесло одлуки со кои биле конституирани највисоките органи на државната власт и го определило државното уредување: конституирање на Авнојска Југославија како федеративна држава составена од шест републики, а пет нации. Македонија била прогласена за конститутивна членка на југословенската федерација. За потпретседатели на АВНОЈ биле предложени Димитар Влахов и Владимир Поптомов, кој не ја прифатил функцијата. Одлуките на Второто заседние на АВНОЈ во извесна смисла послужиле како основа за конституирањето на Македонија како посебна држава во југословенската федерација, со ограничен суверенитет. ЛИТ: Д-р Новица Велјановски, АСНОМ државотворни димензии, Скопје, 1994; Др Михаило Миноски, Авнојска Југославија и македонското национално прашање
1943-1946, Скопје, 2000; Д-р Бранко Петрановиќ, АВНОЈ – револуционарна смена власти 19421945, Београд, 1976. Н. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.