//АНТИФАШИСТИЧКА КОАЛИЦИЈА

АНТИФАШИСТИЧКА КОАЛИЦИЈА

АНТИФАШИСТИЧКА КОАЛИЦИЈА (1941 – 1945) – сојуз на држави, ослободителни движења и организации што се бореле против силите на Тројниот пакт во Втората светска војна. На 12 јули 1941 владите на Велика Британија и СССР во Москва потпишале договор со кој се обврзале за меѓусебна помош во војната и да не склучуваат сепаратни примирја без согласност на другата страна. На 2. Ⅷ 1941 и САД потврдиле дека им се придружуваат на двете Сили. Френклин Делано Рузвелт и Винстон Спенсер Черчил ја објавиле Атлантската повелба (14. Ⅷ 1941) за правото на секој народ да го одбере обликот на владеење и да им се вратат сите права на народите на кои со сила им Претставниците на Антифашистичката коалиција Черчил, Рузвелт и Сталин во Јалта (1. Ⅱ 1945) биле одземени. На 24. IX 1941 Повелбата ја потпишале десет земји, меѓу кои и владите на Југославија и на Грција. Дваесет држави на 1. Ⅰ 1942 г. ја потпишале Декларацијата на Обединетите нации со која се обврзувале дека ќе ги употребат сите свои средства, воени и економски, против државите членки на Тројниот пакт и на нивните сојузнички и дека со непријателските држави нема да склучуваат сепаратно примирје или мир. Т. Ч.

2019-01-05T18:11:44+00:00 0 коментари