АНТИПАТАР

АНТИПАТАР (398–319 г. пр.н.е.) – еден од дијадосите што управуваат со Царството по смртта на Александар Ⅲ Македонски, основач на династијата Антипатриди, која владее во Македонија кон крајот на Ⅳ и поч. на Ⅲ в. пр.н.е. Бил истакнат војсководец и дипломат уште во времето на Филип Ⅱ; во времето на Александар Македонски е именуван за „стратег на Европа”; располага со голема војска за да ја контролира територијата на Хелените; го задушува востанието на Пелопонез (323– 322). Своите активности ги запишува во две дела: епистолографскиот спис, преписка со атинскиот ретор Исократ, и Илирска војна. ЛИТ.: Ариан, Хисторѕ оф Алеџандер анд Индица, 2 Волс., Харвард Университѕ Пресс, 1960; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.

2019-01-05T18:11:44+00:00 0 коментари