АНТИГОНИДИ

АНТИГОНИДИ (277–168 пр.н.е.) – втора македонска династија владетели. Основач е Антигон Гонат (277–239); следните владетели се: Деметриј Ⅱ (239–229), Антигон Досон (229–222/1), Филип Ⅴ (221– 179) и Персеј (179–168), последниот владетел во Македонија кој, заедно со Филип В, ги води Македонско-римските војни. Во нивно време уредувањето на државата е традиционална монархија, како во времето на Филип Ⅱ. ЛИТ.: Полѕбиус, Тхе Хисториес, 6 волс. Харвард Университѕ Пресс, 1960; Њ.Њ. Тарн, Антигон Гонатас, Оџфорд, 1913; Историја на македонскиот народ, 1, Скопје, 2000. А. шук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.