/АНТЕВСКИ-ДРЕН, Васил

АНТЕВСКИ-ДРЕН, Васил

АНТЕВСКИ-ДРЕН, Васил (с. Оморани, Велешко, 28. Ⅹ 1904 – Софија, 18. Ⅷ 1942) – активист во Националноослободителното движење. Од 1915 до 1919 г., како малолетник, престојувал во Франција, каде што го завршил основното училиште. Во Велес завршил гимназија, а во Белград Правен факултет. Работел како адвокат во Скопје, Велес и Куманово. Поради својата револуционерна дејност бил осудуван на затворска казна (1937 и 1940). Бил член на КПЈ (од 1941), борец во Скопскиот партизански одред (од август 1941). На 15. XI 1941 г. во Велес бил уапсен од бугарската полиција, а во мај 1942 г. во Скопје осуден на смрт со бесење. Казната била извршена во затворот во Софија. ЛИТ.: Стоилко Ивановски-Планински, Васил Антевски – Дрен, Скопје, 1981; Велес и Велешко во НОВ 1941–1945. Спомен книга, Т. Велес, 1985. Ѓ. Малк.

2019-01-05T18:11:44+01:00 0 коментари