АНСКА РЕКА

АНСКА РЕКА – лева притока на р. Вардар. Извира од западната страна на пл. Беласица, на височина од 1.260 м, а се слива во Вардар на височина од 58 м. Долга е 28,6 км, има вкупен пад од 1.202 м, а просечниот пад изнесува 42,03‰. На височина од 550 м од десната страна ги прима водите од најголемиот карстен извор во сливот. Вкупната површина на сливот из2 несува 168,0 км . Во изворишниот дел реката има планински, а во долниот дел рамничарски карактер. Анска Река ЛИТ.: Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи”, кн. 17, Скопје, 1979; Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В. Васил Антевски-Дрен

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.