АНДРЕЕВ, Благој

АНДРЕЕВ, Благој (Велес, 27. Ⅲ 1932) – првиот дипломиран режисер вработен во Радиото (19571963), а потоа во Македонската телевизија (1964-1996). Значајни остварувања му се режијата на емисиите од циклусот „Распеани градови”, драмата „Залез над езерската земја”, што е наша прва телевизиска серија во шест епизоди, детските серии „Курирот на Гоце”, „Јуначко колено”, „Малиот одред”, „Едно лето” и др. Работел во речиси сите телевизиски жанрови и режирал многу претстави во театрите низ Македонија. Ј. Ф.