АНДРЕЕВСКИ, Иван

АНДРЕЕВСКИ, Иван (Доленци, Демирхисарско, 25. Ⅵ 1947) – новинар. Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 г. стапил на работа во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист. Работел на репортажи, документарни филмови, фељтони и др. Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје (1986-1990); ангажиран од Ројтерс, Слободна Европа, Јутел и како претседател на Здружението на новинарите на Република Македонија. Од 2006 г. е член на Советот за радиодифузија. Ј. Ф.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.