//АНДРЕВСКИ, Драган Ванчев

АНДРЕВСКИ, Драган Ванчев

АНДРЕВСКИ, Драган Ванчев (с. Обршани, Прилеп, 5. Ⅷ 1950) – генерал-мајор на АРМ. Завршил Воена академија во родот артилерија во ЈНА. Офицерската кариера ја започнал како командир на вод, потоа на батерија и на дивизион. Завршил Командноштабна академија и школа на народната одбрана. Од повисоките офицерски должности, бил началник на штаб на бригада, началник на одделение за оперативни работи во Гш на АРМ, воено аташе во Република Турција, началник на Г-3 во Гш на АРМ, помошник на началникот на Гш на АРМ за планирање и воен аташе во Република Хрватска. В. Ст. Јован Андревски

2019-01-05T18:11:43+00:00 0 коментари