АНДОНОВ, Дичо

АНДОНОВ, Дичо (с. Лобаница, Костурско, 1882 – с. Смрдеш, Костурско, 31. Ⅴ 1903) – костурски реонски војвода. Завршил петти клас во Битолската егзархиска гимназија, кога станал член на МРО. Од 1901 г. е нелегален, а од 1903 г. назначен за реонски војвода. Во познатите борби при месноста Локвата и Вињари (крајот наⅤ1903), заобиколен од османлиската војска, за да не падне жив во нивните раце, се самоубил. ЛИТ.: А. Близнаков, Епопејата на Локвата и Вињари, Прилози за Илинден 1978, ¶¶, Крушево, 1979; Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, 1 (фототипно издание), Софи®, 1982. Ал. Тр. Методија Андонов-Ченто АНДОНОВ-ЧЕНТО, Методија

2019-01-05T18:11:42+00:00 0 коментари